Екипите на Вардар 1961 и Валур од Исланд вечерва во Скопје ќе го одиграат натпреварот од првото коло во ЕХФ Европската лига. Двата тренера ги составија екипите со кои денеска ќе тргнат во битката за првите бодови на европската сцена.
Нема поголеми изненадувања, Вардар со десет странци и шест македонски играчи, без повредениот португалски бек Пинто и без украинското засилување Горига, додека во Валур нема промени во однос на нивниот последен европски предизвик.