Шест од шест за Алкалоид во Суперлига

РК АЛКАЛОИД - РК СТРУГА  (17-7)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески. Контролор: Илија Цветкоски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Трајкоски, Џонов 2, Петров, Костески 13, Младеновиќ 4, Серафимов 1, Карасманакис 1, Стојковиќ 1, Ѓоргиев 2, Велковски 1, Симоноски, Бинго 5, Силва 2, Петковски 1, Савревски 2
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин.
РК СТРУГА: Тутенкоски, Мечкароски, Џигероски 2, Наумоски, Кленковски, Јанкуловски, Клењоски, Симоноски, Великиќески, Матески, Савески 2, Ф. Мечкароски 4, Костоски 3, Мијушковиќ 6, Пајкоски 3, С. Мечкароски
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 мин. 

Шестото коло од Суперлигата беше комплетирано денеска со а шестата победа од шест одиграни натпревари во суперлигашката конкуренција на екипата на Алкалоид. На последниот натпревар од шестото коло, гостин во Автокоманда беше екипата на Струга која мечот го заврши со минус од 15 гола.

РК Алкалоид целосно ја оправда улогата на фаворит и поведе со 9-2 на почетокот на натпреварот и практично ги реши сите дилеми. Првото полувреме заврши со резултат 17-7 за домашниот состав, а, во второто полувреме се играше резултатски поизрамнето, со тоа што Алкалоид имаше водство од 8-10 гола разлика, Потоа влезе во нова серија домашниот состав од 9-1 и на крајот резултатот беше 35-20. Сега Алкалоид одново се израмни со Охрид на врвот на табелата. Двата тима имаат по шест победи, со тоа што Охрид дури во следното коло прв пат ќе игра големо дерби. Тимот на Алушовски ќе биде гостин во Битола, а потоа ќе игра со романската Турда во ЕХФ Куп.

Во следното коло, пак, Алкалоид ќе гостува на РК Бисинов Фруитленд, а потоа го очекува и првиот натпревар од ЕХФ Куп на домашен терен против Клаипеда Драгунас од Литванија.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk