Сега Неагу му прави друштво на Лазаров

Кристина Неагу, најдобрата романска ракометарка и една од најдобрите во светот на сите времиња ја игра својата последна сезона во кариерата, a таа недвојбено ќе биде одбележана и со трката со поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ која исто така ја игра својата последна сезона, за титулата најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите.

Јованка Радичевиќ сега играч на Крим Љубљана до вчера беше најдобриот стрелец со 1146 гола (вклучувајќи ги и петте погодоци поситигнати сезонава). Но, Кристина Неагу со 10-те гола постигнати на натпреварот со Никобинг стигна до бројката 1155 погодоци и сега таа е на првото место и е рамо до рамо со македонскиот ас Кирил Лазаров кој е најдобриот стрелец во историјата на машката Лига на шампиони.
Лазаров е вкупно убедливо најдобриот стрелец со 1482 гола (без голови од квалификации) и уште долго ќе остане на таа позиција затоа што во клубот 1000 од активните играчи во игра е само уште Тимур Дибиров кој има постигнато 1180 голови вклучувајќи ги и 16-те од актуелнава сезона.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk