Јоханес Битер објави крај на кариерата

photo: TVB Stuttgart

Друштвото во кое сезонава се наоѓаат Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Винсен Жерар, Пол Друкс... доби нов член.
Jоханес Битер еден од најпознатите германски голмани, меѓудругото освојувач на Светското првенство во 2007 и Европски клупски првак со Хамбург во 2013 објави крај на кариерата.

Битер има 42 години и неговиот последен трансфер е во екипата на Хамбург (2021) каде што и играше од 2006 до 2013, претходно играше Магдебург, а потоа за Штутгарт.

Во 2020 реши да престане да игра за репрезентацијата, а сега е формален крај на кариерата. Во меѓувреме работи и како спортски коментатор за ДАЗН и АРД, а следната функција ќе биде во управата на Хамбург.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk