-
07.10.2024
-
Вести, Планета ракомет
Неверојатна ситуација имаше на натпреварот меѓу екипите на Криваја и Вогошча во шампионатот на БиХ во последното коло. На 12 минути до крајот, при резултат 22-20 за домашната екипа, гостите постигнале гол за 21-22. Но, записничката маса, не го запишала овој погодок. Гостите реагирале, но записничарот и делегатот останале на своето. Средбата се доиграла, а домашните победилe со 31-29.
Потоа било утврдено дека навистина на гостинскиот состав не му бил запишан гол, но следел нов шок за екипата на Вогошча. Комисијата решила средбата да биде регистрирана со постигнатиот резултат!
Норвешкиот репрезентативец Александер Блонц најверојатно ќе го напушти тимот на ГОГ и ќе се пресели во редовите на ривалскиот Алборг јавуваат данските медиуми. Играњето во Лигата на шампионите е лајт мотивот на Блонц за заминување од екипата на ГОГ.
Двете леви крила на Алборг, Себастијан Бартолд (33) и Бустер Јул (23) најверојатно ќе го напуштат тимот следното лето. Договорот на Бартолд истекува, а Јул има клаузула која може да ја активира, иако неговиот договор е активен до 2026 година.
Келце е активен на пазарот во потрага по лев бек. Талант Душебаев нема да може да смета на повредените Симон Сичко и Хасан Кадах, во есенскиот дел од Лигата на шампионите и веројатно ќе купуваат играч што ќе ја пополни празнината во тимот.
Владимир Головин ќе остане селектор на женската репрезентација на Унгарија и по истекот на актуелниот договор, а тоа е на 31 декември годинава. Головин и Унгарската федерација се договорија за соработка и за следните четири години.
Поврзани вести