Лош финиш и висок пораз на Ѓ. Петров во Шведска

ЕХФ Европска лига, 2 коло, елиминации
Х65 ХООР - ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК  29-21 (14-11)
Нухановиќ 9, Остблум 6 - Муратовиќ 8, Дежиќ 5

Македонскиот првак ЖРК Ѓорче Петров не успеа со добар резултат да се врати од првото гостување во ЕХФ Европската лига. 
На дуелот со шведскиот тим Хоор, одигран во Ешлов, во рамките на второто елиминациско коло, македонскиот првак беше поразен 21-29 (11-14) и сега му е потребно мало чудо за да се пласира во третата рунда на ова натпреварување.
Швеѓанките денеска го контролираа резултатот во текот на целиот меч, но нивната предност не беше убедлива и даваше надеж дека македонскиот тим во Скопје ќе има многу полесна задача отколку што излезе на крајот.
Но, минусот од четири гола актуелен во 53 минута од мечот беше дуплиран за само пет минути игра во финалната фаза од натпреварот и на ѓорчепетровски сега им треба најмалку осум плус во Скопје за да стигнат до пенали или девет гола разлика за пласман во трето коло. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk