Ѓорѓи Начевски на чело на ракометните судии во следните четири години

Меѓународниот судија со бројни финалиња на најголемите ракометни настани во светот, Ѓорѓи Начевски во следните четири години ќе биде претседател на Здружението на ракометните судии на Македонија.
Денеска во Кавадарци беше одржано Изборно собрание на кое делегатите едногласно му ја дадоа довербата со четиригодишен мандат на искусниот арбитар.
По изборот, судиите испратија крако соопштение за настанот. Донесени се повеќе одлуки кои со повеќе детали ќе ги објавиме и образложиме во следниот период. 

Почитувани ,
Здружението на ракометни судии на Македонија денес 06.10.2024 во Кавадарци одржа Изборно собрание на кое едногласно беше избран Ѓорѓи Начевски за претседател на ЗРСМ во наредните 4 год 2024/28
Избран е нов Управен Одбор, нов Надзорен Одбор, Стручна комисија , исто така се донесени многу одлуки и правилници за идниот мандат од четири години.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk