Ниту Сегед, ниту Магдебург: Оли Митун одбра нов клуб

Пик Сегед, Магдебург ... Се споменуваа големи имиња како кандидати за потписот на еден од најдобрите млади ракометари во светот, 19 годишниот Оли Митун од Фарски Острови.
Младиот ракометар, сепак, се реши за поинаква и побезбедна варијанта. Во следните четири години, почнувајќи од летото 2025 ќе игра за данската екипа ГОГ.

Овој клуб има врвна развојна школа што ја минаа играчи како Матијас Гидсел, Симон Питлик, Емил Мадсен... Оли Митун сигурно добро ќе се снајде во скандинавскиот систем, затоа што игра за Севехоф, шведскиот клуб кој исто така има врвна развојна школа.

Оли Митун заедно со својот братучед Елијас Елефсен а Скипаготу се дел од новиот бран на врвни млади играчи од кои се очекува да доминираат на светската сцена. На овој список се наоѓаат и браќата Кошта, браќата Цикуша, Емил Мадсен, Имре Бенце итн.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk