Алборг без Хансен и Ландин – не е Алборг

Данскиот проект, Алборг, двократен финалист во Лигата на шампионите, сезонава настапува без двете суперѕвезди. Микел Хансен се повелече од активно играње, а Никлас Ландин е повреден и ќе отсуствува уште околу еден месец.

Алборг без нив двајца е непрепознатлив, не само во Европа, туку и на домашната сцена. Од шест одиграни кола во Данска, Алборг веќе има два пораза. Први го „чепнаа“ ракометарите на Морс Тус пред две кола (35-34), а во последното коло, без поголема мака победа славеше најлутиот ривал, ГОГ (33-27).

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk