Македонскиот првак на европски тест денеска

Македонскиот првак ЖРК Ѓорче Петров денеска со почеток од 16:00 часот во Шведска ќе го игра првиот елиминациски натпревар од ЕХФ Европската Лига. Тоа е меч од второто коло во ЕХФ ЕЛ, а противник на нашиот првак е екипата на H65 Хоор, екипа која во минатото првенство како третоплсирана влезе во шведскиот Плејоф, но уште веднаш во 1/4 финалето што се игра во три добиени меча, беше елиминирана (2-3) од шестопласираната Скара. Во оваа сезона, по три кола има две победи и еден пораз.

Победникот од овој двомеч ќе се пласира во третото коло каде што ќе биде рангиран во вториот шешир. Третото коло е последното пред да биде формирана Групна фаза од ЕХФ Европската лига.

Х65 Хоор има едно пријатно искуство од играње против македонски екипи. Во 2017 го елиминираше вториот тим на ЖРК Вардар. Но, сега има многу помлада екипа во која има само една бековска линија од три/четири ракометарки што е повозрасна од 21 година, другиот дел на тимот е на возраст од 18-20/21 година.

Каков е односот на силите ќе видиме попладнево, но Ѓ. Петров ќе има фер можност да мине во следната фаза затоа што реваншот ќе го игра на домашен терен, во Скопје, следната недела.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk