Охрид останува лидер на табелата, лесни бодови и за Пелистер

ГРК ОХРИД – БИСИНОВ ФРИУТ ЛЕНД 35-18 (25-8)
Костов 7, Шипинкоски 6 – Илиев 6, Димитров 3

МРК КУМАНОВО – Е. ПЕЛИСТЕР 23-35 (12-17)
Винисиус 8, Димевски 5 - Ф. Кузмановски 10, Манасков 5

Машката Суперлига продолжи со два натпревара од шестото коло на кои беа запишани очекувани, високи побари на фаворитите.
Охрид се потруди да им го расипе денот на велешани кои по стартната победа во Суперлигата, се соочуваат со поинаква реалност од натпревар во натпревар.
Денеска охриѓани со комбиниран состав, поведоа со 8-1 и уште во воведните 10 минути ги расчистија сите дилеми.

Во Куманово гостуваше актуелниот првак Пелистер. Филип Кузмановски беше денеска особено распололжен за игра и постигна 10 гола на меч на кој во втората половина од првото полувреме гостите почнаа да се оддалечуваат од домашниот состав. На полувреме беше пет разлика за Пелистер, во вториот дел главно беше околу 10 гола разлика во позитива, за на крајот средбата да заврши со максимални 12 гола разлика.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk