ЕХФ КУП: Чаир триумфално, Металург пред елиминација

ГОРЕЛЕ – МЕТАЛУРГ (А) 36-28 (17-13)
Кара 9, Бирбен 7 – Јанкуловска 9, Миновска 5

КЈЕРЖЕНГ – ЧАИР 24-26 (13-11)
Велтер 9, Зук 6 – Дукоска 10, Ѓоргиевска 6

Две македонски женски екипа денеска ги почнаа натпреварите во ЕХФ Европскиот Куп, Металург Автокоманда и Чаир. Двата тима играа на гостински терен на првиот меч.

Екипата на Чаир има отворена врата кон следното коло во ЕХФ Европскиот Куп откако вечерва како гостин славеше победа над екипата на Кјерженг од Луксембург.

Тимот на Металург Автокоманда, пак, е пред речиси сигурна елиминација откако денеска беше поразен со 28-36 на првиот натпревар одигран со Гореле во Турција. Реваншот исто така ќе се игра во Турција, па останува само формалност за скопскиот состав разделбата со Европа.

Чаир својот реванш натпревар ќе го игра на домашен терен, а вечерашниот триумф треба да биде и мотив повеќе за играчите и покана за фановите да дојдат во поголем број и да му ја дадат потребната поддршка на тимот.
Вечерва Теодора Дукоска со 10 постигнати голови беше најефикасната ракометарка на Чаир. Ако успее да ја подобри реализацијата која вечерва беше под 50% и ги намали техничките грешки кои денеска беа 13 на број, Чаир без поголеми драми следниот викенд би требало да прослави пласман во следната рунда.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk