Со победата на Вардар од 28-25 над скопскиот ривал Т. Пролет 62, беше отворено шестото суперлигашко коло. Нема изразит дерби меч ниту викендов, а фаворитите би требало по секоја логика да имаат лесни задачи.
Денеска два натпревари се на програмта. Пелистер гостува во Куманово, а Бисинов во Охрид. Во недела се дуелите Радовиш - Тиквеш и Бутел - Прилеп, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелот меѓу Алкалоид и Струга.
По ова коло почнуваат поголеми возбудувања во кои прво ќе го видиме Охрид на прв дерби меч, гостување во Битола, потоа гостувањето на Пелистер во „Автокоманда“ итн.