Хенеберг го пропушта Е. Пелистер

Двомечот на кој очекуваме Е. Пелистер да ја прекине долгата серија на порази во Лигата на шампионите, натпреварите со Фредериција од Данска се на програмата на крајот на овој месец и веднаш по Неделата на ЕХФ. 
Данскиот клуб во меѓувреме информираше дека имало компликации во рехабилитацискиот период на бекот Себастијан Хенеберг и дека тој ќе мора на нова операција. 
Хенеберг го оперираше коленото пред три месеци, но веќе одамна требаше да биде во игра. Се очекуваше и негов настап на Светското клупско првенство во Каиро, но се појави компликација. Менискускот е проблем, реакција на претходната операција и тој одново ќе мора да биде опериран. 
Новата пауза најверојатно значи околу шест недели надвор од теренот. 
Со сигурност нема да биде во тимот на 30 октомври кога битолчани ќе гостуваат во Данска, а на временска граница е и можеби ќе го пропушти и дуелот во Битола што треба да се игра на 20 ноември. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk