Полска бира претседател: Вента или Шмал

Полската ракометна федерација (Związi Piłki Ręcznej w Polsce/ZPRP) на 26 октомври ќе избира нов прв човек на полскиот ракомет. 
Полските медиуми пишуваат дека битката ќе се води меѓу две познати ракометни имиња. Тоа се Богдан Вента кој ќе ја „смири“ политичката кариера и нема одново да се кандидира за градоначалник на Келце и прославениот голман кој ужива голема популарност во полските ракометни кругови и меѓу фановите - Славомир Шмал. 
Кампањата сѐ уште не почната и па нема официјално ниту имиња, дали ќе има и трет, четврти кандидат итн. Но, времето е кратко и наскоро ќе бидат сите карти отворени. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk