Германска ѕвезда мораше да ја заврши кариерата

„Друштвото“ во кое се наоѓаат Фин Лемке, Кристијан Прокоп, Штефан Фет, Оскар Карлен... а за кое поканата е предвремен крај на ракометната кариера доби уште еден член. 
Капитенот на Фуксе Берлин, Пол Друкс на 29 години, објави крај на професионалната кариера, иако во неговите планови беше запишано дека ќе игра најмалку уште три до четири сезони. 
Корпулентниот лев бек шутер не можеше да излезе на крај со повредите, а последната значеше и бело знаме. Неговото тело веќе не може да ги издржи напорите и навреме да се рехабилитира, па Друкс заминува во ракометна пензија. 
Како долгогодишен и лојален член на Берлин каде што играше уште како младинец во 2011 година, за него најверојатно е веќе подготвена нова улога во управата на Берлин

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk