Холандија одбра селектор?

Шведскиот ракометен стручњак, Хенрик Сигнел најверојатно ќе биде новиот селектор на женската репрезентација на Холандија. 
Информацијата до која дојдoвме не е официјално потврдена, но очекуваме наскоро и формално да биде претставен наследникот на Пер Јохансон кој одлучи пред истекот на договорот да се повлече од кормилото на една од најатрактивните женски репрезентации. 

Хенрик Сигнел во моментов е селектор на женската репрезентација на Јужна Кореја, а таа функција ја извршува од 2023 година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk