-
02.10.2024
-
Планета ракомет
Битолската навивачка група „Чкембари“ денеска реагираше на социјалните мрежи и јасно го искажа својот став кога е во прашање тренерската позиција во клубот каде што во моментов е Бранко Ангеловски.
Реакцијата доаѓа откако Ангеловски коментираше дека двата пораза не се трагедија и дека има уште многу да се игра. Тоа не им се допадна на „Чкембари“
„Ако после две изгубени финалиња (Куп,Супер Куп) и двата последни изгубени дерби дуели со најлутиот ривал, кој е со помал буџет, но и со тренер аматер и играчи берени од аматерски клубој низ Eвропа не е трагично, тогаш шо теба да дојди за да биди трагично ?
Уште еден кикс и пропадната сезона? На пријателска утакмица реми со ривалот е трагедија, а не пораз!
Да не навлегваме јавно односот играчи/тренер, сите сме свесни зошто се играчите надвор од форма зошто играт вака, исто сите знајме дека имат многу поголеми квалитети и срамота е со овај ростер и со овај буџет да ги изгубиме 2те финалиња и 2та дерби натпревари, не можи играчи кој имат искуство во Лига шампиони и ЕХФ лига да бидат под ниво на секоја битна утакмица и да не можиш да извајш од нив ни 50%.
Да дајш ваква изјава треба да немаш осет и да не го чуствуваш клубот како твој, ако тебе ти значи нешто Пелистер тогаш ќе имаше доблест и уште после дербито сам ке си заминеше од клубот, а не да даваш вакви бесмислени изјави како не било трагично !
Абе ОБРАЗ ИМАТЕ ? ДОСТОИНСТВО ?
Ова е ПЕЛИСТЕР не е Мулти Есенс па да не биди трагично, секој изгубен бод секој пораз на нашиот Пелистер е поќе од трагедија за нас !
ОДГОВОРНОСТ !!!"
Поврзани вести