Почина екс тренер на Татран Прешов

Тажна вест потврдија денеска словачките медиуми. По долго болдеување почина Растислав Тртик, поранешниот тренер на екипата на Татран Прешов, екипа со која неколкупати има гостувано во Македонија во рамките на СЕХА лигата. 
Тртик имаше 63 години, а во својата кариера како тренер хајлајт му беше внесувањето на екипата на Мелзунген во првата Бундеслига и селекторската позиција во Чешка. Таму го водеше нивниот национален тим во периодот од 2002 до 2004 и потоа дваесет години подоцна, во 2021 повторно беше назначен како селекторско решение во преодниот период од смената на Јан Филип со Хавиер Сабате. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk