Охрид со лесни бодови од „езерското“

Photo: GRK Ohrid

СТРУГА - ГРК ОХРИД  17-31 (8-12)
Пајкоски 4 - Ојлески 9, Крстевски 5

Охриѓани целосно ја оправдаа улогата на фаворити во езерското дерби и со убедливи 14 гола разлика ја совладаа домашната Струга. 
По стартното водство од 5-1 и 7-2, беше јасно во кој правец ќе оди овој натпревар и на чија сметка ќе легнат двата бода. Разликата некако опстана во првото полувреме, по 30 минути беше 12-8. 
Но во вториот дел сите разлики беа неколкукратно поистакнати, па Охриѓани предводени од стружанецот Гоце Ојлески кој постигна девет гола лесно го решија „дербито“. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk