Палмарсон и Хенеберг не (за)играа за Ал Ахли

Египетскиот првак Ал Ахли му направи големи проблеми на првакот на Германија, Магдебург, во полуфиналето на Светското клупско првенство што се одржува во Каиро.
Египетскиот тим водеше 15-12 на полувреме, но на крајот благодарение најмногу на Мануел Зендер, германскиот состав славеше 28-24 и утре во финалето ќе се сретне со екипата на Веспрем.
Ал Ахли можеби ќе беше поконкурентен, можеби и ќе стигнеше до финалето, доколку се исполнеше желбата и барањето на нивниот дански тренер Стефан Мадсен, на клупскиот мундијал да ги има двата дозволени џокери.
Ал Ахли требаше да ги има во својот тим Арон Палмарсон кој игра за Хафнарфјордур и поранешниот ас на битолски Пелистер, Себастијан Хенеберг кој во моментов игра за данската Фредериција.
Беа медиумски најавени, но ги немаше на турнирот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk