Суперлига: Езерско дерби, Куманово на испит во Велес...

Во машката Суперлига поради близината на Неделата на ЕХФ во која главниот збор ќе го има машката сениорска репрезентација, денеска и утре ќе се одиграат натпреварите од петтото коло. Прв пат сезонава ќе се игра среде недела за да се искомбинираат подобро термините. 

Езерското дерби има во петтото коло, а ќе се игра во Струга, каде што Охрид ќе биде фаворитот за бодовите. Куманово оди на гости на жекиот терен во Велес, Радовиш во Прилеп, а Бутел го пречекува Вардар. Првакот Е. Пелистер очекува сигурни бодови од дуелот со Пролет 62.
Во четврток, во Кавадарци ќе гостува Алкалоид. 
Тоа е програмата среде недела за љубителите на ракометот, денеска без понеизвесни резултатски очекувања, а утре во Кавадарци ќе гостува победникот на Суперкуп на Македонија, екипата на Алкалоид.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk