Падна и Барса, Веспрем во финале

Photo © IHF

Само неколку дена откако беше посрамотен во Лигата на шампионите на гостувањето во Лисабон, екипата на Веспрем успеа да си ги врати кредитите и џокерите кај своите навивачи со денешната победа над Барса во полуфиналето на Светското клупско првенство што се одржува во Каиро.

Веспрем славеше 39-34 по продолженија. Драмата, пак, беше во последните две минути во регуларниот дел.
Барса, во чии редови се врати повредениот Дика Мем (9/16), водеше 29-27 во 58 минута, но Елдера го израмни резултатот на 29-29. Потоа имаше пенал за Барса на 13 секунди до крајот што го изнуди Блаж Јанц, но ударот на Алеиш Гомез го одбрани голманот Коралес. Потоа имаше Веспрем и шут за победа, но ударот на Косоротов заврши во пречката.

Во продолженијата, Циндиќ со два погодока го поведе тимот кон серија од 5-1 што на крајот беше доволно за победа и пласман во финалето.




Магдебург и Ал Ахли се другите полуфиналисти, победникот ќе се сретне со Веспрем.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk