ВЕСТИ: Србија „натурализираше“ Србин, Норвешка одбра селектор...

Оле Густав Гјекстад е новиот селектор на женската репрезентација на Норвешка. Тој доаѓа на местото на Торир Хергеирсон кој 15 години беше селектор на Норвежанките, исто колку и неговата предходничка Марит Бревик. 
Гјекстад кормилото на норвешкиот тим ќе го преземе во јануари 2025.


Норвешкиот проект Колстад ќе мора во следниот месец и пол да игра без својот најдбар играч Сандер Сагосен. Конечно се објавени докторските прогнози за неговото отсуство, а тие велат околу шест недели надвор од терен поради повредата на лигаментите на десното раме. 

По Урош Борзаш (Унгарија) и Драган Пешмалбек (Франција), Србија добива уште еден „странски“ репрезентативец. Левиот бек на Битенхајм, Никола Влаховиќ е во процедура за добивање на српски пасош по што ќе може да настапува за земјата од која води потекло. 

Десниот бек на женската репрезентација на Шведска, Нина Копанг од екипата на Вајперс Кристијансанд има повреда на менискусот и нема да настапи на Европското првенство во Унгарија/Австрија/Швајцарија. 
Шведска е противник на Македонија во прелиминарниот дел од првенството во Дебрецен. 


ијији
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk