Судиите со имиња на дресовите

Новитет што ЕХФ ќе го промовира на Европското женско сениорско првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија е тоа што и судиите ќе ги имаат своите имиња испринтано на дресовите објави Виена по дводневниот семинар одржан во австриската престолнина. 
Не е детално објавено како ќе изгледа нивниот дрес, немаше таква промоција, па ќе видиме наскоро дали имињата ќе бидат испишани на грбот како што е случајот со ракометарите или ќе биде само на предната страна на дресот над логото на ЕХФ.

На претстојното Европско првенство ќе учествува и репрезентацијата на Македонија, но нема да имаме и судиски пар на терените на шампионатот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk