Изгоре автобус на навивачи, има и жртви

Трагедија се случи во Русија, кога автобусот во кој биле навивачи на ракометниот клуб Виктор Сатвропол што се враќале од натпревар на нивниот тим од Краснодар, се судрил со камион. 
Четири автобуси со фанови на Виктор биле во Краснодар, каде што нивниот тим играл со екипата на СКИФ. По педесетина навивачи имали во секој од автобусите. Не се враќале во колона. 

Еден од автобусите имал нереќа и се судрил со камион. Патниците успеале веднаш да се евакуираат од автобусот кој се запалил и според изјавите на патниците изгорел за три минути. 
Брзата помош и противпожарната служба стигнале за пет минути на местото на настанот. Над 20 патиници меѓу кои има и деца во прв момент биле хоспитализирани, а во несреќата погинал возачот на камионот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk