Стојановиќ славеше над првакот!

Photo: Siol.net

Екипата на Тримо Требње на голема врата се врати во игра во словенечкиот шампионат по двата врзани порази. Тимот што од клупата го води македонскиот тренер Раде Стојановиќ го одигра најдобриот меч досега  во првенството и тоа на гостински терен кај првакот Горење и компетно го надигра и победи со резултат 28-23. 
По четири одиграни кола шампионатот на Словенија е како ретко кога израмнет. Веќе нема екипи со максимален ефект, а лидер е Целје. Тие, пак, со гол во последниот напад славеа минимална победа (31-30) над гости кај екипата на Крка. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk