Динамо скапо плати за победата над Е. Пелистер

Photo: Vive Kielce

Динамо Букурешт без поголеми проблеми го совлада Еурофарм Пелистер во третото коло од Лигата на шампионите, но сметката што дојде за наплата со двата бода е висока. 
Владимир Цупара, српскиот интернационалец кој е прв голман на Динамо не го заврши мечот. Поради болка во коленото предвреме беше вон терен. 
Се чека дијагнозата, во прв момент нема да има прецизни резултати затоа што коленото се уште загреано, а сега се чекаат резултатите и доколку се работи за повреда што бара посебно внимание, препорака како да се третира. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk