Македонија двапати поразена од Австрија

Женската сениорска репрезентација на Македонија се подготвува за настап на ЕП 2024 на кое во унгарскиот Дебрецен ќе игра во Прелиминатната рунда против репрезентациите на Унгарија, Шведска и Турција. 
Македонската репрезентација викендов беше гостин во Австрија каде што одигра два контролни натпревари со соодветниот домашен тим. 

Македонија запиша порази на двата натпревари. На првиот 25-31 (16-16) и тоа беше резултатски понеизвесниот натпревар. Денеска се играше и вториот меч, а очигледно во оваа фаза две силни средби во два дена на кои треба да се испробаат сите играчи се премногу за избраничките на Кристијан Грчевски, па Австрија беше доминанта, поведе со шест гола разлика уште во раната фаза, а на полувреме беше 15-9. 
Првото полувреме се преслика и во вториот дел, па на крајот натпреварот заврши со убедлива победа на домашната репрезентација од 34-21. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk