Најголемото македонско дерби е на програмата денеска. Вардар против Пелистер во Скопје, со навивачи од двата клуба на трибините. Тоа е гаранција за жешка атмосфера во салата, а актерите особено тренерите денеска ќе има што да покажуваат и докажуваат.
Сезоната во која двата тима вложија многу во играчките состави, во кои доминираат странските играчи не почна добро. Еурофарм Пелистер загуби во Суперкуп, Вардар загуби во првото коло од Суперлигата. Двата денешни ривала загубија со идентични 33-30 од екипата на Алкалоид и истрошија по еден џокер кај своите навивачи.
Дали имаат уште џокери за трошење, тоа ќе покаже времето.
Ги видовме на еден меѓусебен дуел летово, на струшкиот турнир. Иако во таа фаза и на тој терен не може да се очекуваат најдобрите перформанси, генерално, видовме дека и двата тима имаат полно право да се надеваат на победа вечерва.
Шансите на хартија се 50-50, со тоа што домашниот терен секогаш е поен плус за организаторот на натпреварот, а тоа во случајов се црвено-црните.
Предност или хендикеп е играњето на битолчани во Лигата на шампионите? Тие во четвртокот играа во Букурешт, а денеска треба да играат во Скопје. Тој дел е секако хендикеп, но ако ги гледаме работите од друг агол, пелистерци се во полн натпреварувачки ритам. Играње, патувања и така натаму се дел од психолошката подготовка за големи дуели. Од друга страна за Вардар освен мечот со Алкалоид, другото беше прошетка и можеби физички се поодморени, но не се во ритам во кој што е нивниот противник.
Натпреварот ќе биде директно пренесува на МТВ -1, преносот почнува во 17:40 часот.
Поврзани вести