Сагосен се повреди, чека дијагноза

photo: THW Kiel

Најдобриот норвешки ракометар, Сандер Сагосен не го доигра натпреварот со Загреб од третото коло во Лигата на шампионите. Тој се повреди во првото полувреме и веќе не влезе во игра. До тој момент беше најдобар на теренот и имаше 3/3 остварување. 

Колстад минатата сезона губеше од Загреб со двоцифрена разлика, но вчера успеа да победи. Тоа беше нивниот прв триумф во ЛШ годинава и радоста за освоените бодови ја стави во втор план повредата на Сагосен. Ниту клубот ниту норвешките медиуми засега не објавиле информациите за типот на повреда и дали Сагосен ќе мора да паузира во следниот период. Се чека дијагнозата, а дотогаш ќе се слави победата и ќе се стискаат палци да не се работи за нешто посериозно.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk