Колстад преку Загреб до први ЛШ бодови

Photo: Kolstad Handball

Во групата „Б“ од Лигата на шампионите веќе нема екипи со нула на салдото. Вечерва, екипата на Колстад го совлада хрватскиот Загреб (29-25) и тоа беше нивната прва победа сезонава и прва над Загреб воопшто во третиот меѓусебен дуел во ЛШ. Сигвалди Гудјонсон постигна 11 гола на мечот на кој првата ѕвезда на тимот Сандер Сагосен уште во првиот дел мораше да го напупти теренот. 

Драматично беше во Алборг, каде што домашниот тим ремизираше со германскиот првак Магдебург. Имаше Алборг водство од 33-32 во последната минута, но Мануел Зендер од пенал на помалку од 20 секунди до крајот израмни. Потоа Хоксер имаше неуспешен обид да погоди и екипите ги поделија бодовите. 

Вечерва играат уште и Келце против Барса и Спортинг против Веспрем. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk