Комити и Чкембари на трибини на дербито!

Екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер годинава имаа „запознавање“ на теренот на летниот турнир во Струга, а во сабота во Скопје, прв пат сезонава ќе играат официјален натпревар за бодови.
Ждрепката сакаше домаќин на првото дерби да биде екипата на Вардар 1961. Распоредот на им беше пријател на битолчани на стартот на сезона. Иако веќе имаат натпревари во Лигата на шампионите или со други зборови влезени се во подобар натпреварувачки ритам, токму Лигата на шампионите и нејзиниот ритам можат да бидат проблем затоа што само два дена порано гостуваат во Букурешт. 

Дербито ќе се игра со навивачките групи на трибините. Последен пат кога играа во „Јане Сандански“ имаше инцидент, по што следеша забрана за ултрасите на следните гостински натпревари. Се надеваме дека нема да гледаме каква било реприза на тие настани во сабота. Најавено е гостување на околу 200 навивачи од Битола што сигурно ќе ја вжешти атмосферата во салата и ќе го крене влогот за победа на дербито. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk