КАДЕ ДА ГЛЕДАТЕ: Келце - Барса и Колстад - Загреб

Photo: FC Barcelona

Третото коло од Лигата на шампионите почнува денеска, а македонскиот претставник Е. Пелистер својот натпревар ќе го одигра утре на гостински терен кај екипата на Динамо Букурешт, првакот на Романија. 
Денеска низ ТВ преност ќе можете да следите два натпревара. 
Загреб по ланскиот триумфален меч во Норвешка, годинава сака да покаже дека тоа не било случајност. А минатонеделната голема победа над Алборг потврдува дека скандинавските дрим тимови добро му се погодени на хрватскиот шампион. 
Келце без Алекс Душебаев и Барса без Дика Мем ќе се сретнат во полската „Легионово арена“ во Келце. Кога игра Барса, дали е тоа со или без Мем во составот, секогаш е фаворит, но ќе биде интересно да се види како ќе функционира системот без најдобриот бек. Мелвин Ричардсон, пак, има повеќепати докажано дека може да се смета на него цел натпревар и на топ дуели каков што ќе биде вечерашниот во Полска. 


ЛИГА НА ШАМПИОНИ
3. КОЛО
СРЕДА:
18:45  АЛБОРГ - МАГДЕБУРГ
18:45  КОЛСТАД - ЗАГРЕБ (ТВ АРЕНА СПОРТ 5)
20:45  СПОРТИНГ - ВЕСПРЕМ
20:45  КЕЛЦЕ - БАРСА (ТВ АРЕНА СПОРТ 5)

ЧЕТВРТОК
18:45  ДИНАМО (Б) - Е. ПЕЛИСТЕР
18:45  ФРЕДЕРИЦИЈА - Ф. БЕРЛИН
20:45  СЕГЕД - НАНТ
20:45  ВИСЛА ПЛОЦК - ПСЖ

ТАБЕЛА
ГРУПА „А“
1. СПОРТИНГ (4 бода), 2. ВЕСПРЕМ (4), 3. ДИНАМО БУКУРЕШТ (4), 4. БЕРЛИН (2), 5. ПСЖ (2) 6. ВИСЛА ПЛОЦК (0), 7. Е. ПЕЛИСТЕР (0) 8. ФРЕДЕРИЦИЈА (0)

ГРУПА „Б“
1. БАРСА (4 бода) 2. МАГДЕБУРГ (2), 3. СЕГЕД (2), 4. ЗАГРЕБ (2), 5. АЛБОРГ (2), 6. КЕЛЦЕ (2), 7. НАНТ (2), 8. КОЛСТАД (0)

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk