Конан потпиша за ПСЖ

Photo: PSG Handball

Пари Сен Жермен доживува своевидна преобразба на играчки план и во четатата на Раул Гонзалез повеќе не се сите најзвучни ракометни имиња. Своевремено во оваа екипа во исто време беа Никола Карабатиќ, Микел Хансен и Сандер Сагосен на пример, а играа и Уве Гензајмер, Даинис Криштопанс, Недим Ремили, Хенрик Мелгард итн.
ПСЖ сега има познати имиња, но француските репрезентативци ќе бидат во поважна улога како Пранди на пример, а одбраната во која командант и натаму е Лука Карабатиќ ќе добие големо засилување следната сезона.
ПСЖ се пофали со ангажманот на Карл Конан, еден од најважните дефанзивци во репрезентацијата. Тој во Париз ќе дојде следното лето, од редовите на Монпеље и ќе остане следните три сезони.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk