Тешка повреда на германската ѕвезда

Македонската ракометна публика можеби ќе се сети на германскиот репрезентативец Јулијан Костер кој беше дел од кадетскиот мундијал што во 2019 се одржа во Скопје. Германија стигна до финалето, а Костер беше избран за најдобар дефанзивец на турнирот. 
Јулијан Костер сега има 24 години и е еден од поважните игрчи на германската репрезентација. Настапува за екипата на Гумерзбах, тренериран е од исландската легенда Гудјон Валур Сигурдсон. 
Сезонава почна лошо за младата германска ѕвезда. Мораше прерано да го напушти мечот со Лајпциг поради повреда на коленото. Магнетната снимка покажа дека се работи за скинат медијален лигамент на коленото.
Костер нема да оди на операција, но ќа паузира два и пол месеца. Засега не е доведено во прашање неговото учество на СП Хрватска, Данска и Норвешка, но со оглед на тоа дека враќањето е предвидено кон средната на декември, секој застој во рехабилитацијата може да значи дека нема да настапи на СП. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk