ЕХФ го суспендираше Марко Безјак

photo: RK Nexe

Словенецот Марко Безјак дојде како големо засилување во Нексе минатата сезона директно од редовите на тогаш европскиот првак Магдебург. Но, доаѓањето во Нашице се покажа како најголемата грешка во неговата кариера. Лошиот амбиент во скапиот состав направи преголем притисок врз играчите, па на директниот дуел со Загреб, во еден момент на фрустрација го турна делегатот на мечот. Потоа следеше драматично „лелекање“ од делегатот кој малку претера со реакцијата и глумата.
ХРС реши од Марко Безјак да направи пример.
Словенецот беше суспендиран до април 2025, но тука не заврши приказната туку суспензијата ја пријави и во Виена и побара и ЕХФ да го санкционира.
ЕХФ го разгледа и го прифати барањето на ХРС. Марко Безјак е официјално суспендиран и нема право да настапи на ЕХФ натпревари на клупско или репрезентативно ниво до април 2025.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk