Словенија веќе нема да се „исплати“

Малку познат факт е дека во Шведска на пример ракометните клубови не можат да привлечат ниту да задржат врвни играчи затоа што даноците се преголеми и на ракометарите не им се исплати да играат таму кога можат да заработат многу повеќе во соседните држави. 
На истиот пат (ќе) оди и Словенија. Новите даноци значително ги ги зголемат давачките на спортистите и прашање е дали вооопшто ќе се исплати трансфер во Словенија, а воедно е можен и „егзодус“ на нивните спортисти, во случајов ракометари. 

Низ бројки, како што објасни словенечки спортски експерт, тоа би изгледало вака: 
За двегодишен договор од вкупно 300.000 евра, досега спортистот требаше да врати во државната каса 36.000 евра. Според новиот закон ќе треба да плати 81.500. Ако има и трета година од договорот, тогаш сумата ќе се искачи на 150.000 евра. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk