Нора Морк ја прекина кариерата

IHF/Kolektiff/Sasa Pahic Szabo

Нора Морк, една од најдобрите светски ракометарки минатава деценија, реши да ја прекине кариерата на неодредено време. 
Слично како и Микел Хансен минатата сезона, така и Морк, треба да се одмори психички и физички од стресот и притисокот што и го носи главната улога што ја има секогаш кога е на терен. 
Таа играше минатото коло во Лигата на шампионите, но не беше на терен за првенствениот дуел на нејзиниот тим Есбјерг. Во клубот секако се нервозни и вознемирени, но немаат многу опции освен да гледаат позитивно. Така нејзиниот тренер, Томас Акснер, изјави дека сега е најважно таа да биде комплетно фит кога ќе се врати на терен.
Единствената работа што никој не ја знае  е кога Нора Морк повторно ќе се врати на терен. Дали ќе трае денови, недели, месеци... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk