Долга пауза за Феликс Клар

Photo: IHF/Kolektiff/Sasa Pahic Szabo

Феликс Клар, централниот бек на Шведска и на екипата на Магдебург ќе мора на операција. Клар важи за еден од најдобрите светски играчи, воедно и најпотценети, а големата сметка за наплата доаѓа откако на дуелот со Словенија на Олимписките игри заработи повреда на Ахиловата тетива. 
Магдебург и Клар решија во прв момент повредата да ја лекуваат без операција, но терпаиите и третманот не го дадоа посакуваниот резултат и сега, еден месец подоцна донесоа одлука да биде извршена операција.
Операција ќе биде реализирана во среда, а очекувањата се тој да се врати на терен по Светското првенство, односно во пролетниот дел, во февруари. 
Магдебург во меѓувреме го ангажираше најдобриот стрелец во Бундеслигата минатата сезона, швајцарскиот ракометар Мануел Зендер.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk