Селекторот на Шведска поднесе оставка

Машката репрезентација на Шведска ќе има нов селектор на Светското првенство во јануари. Норвешкиот стручњак Глен Солберг кој ја водеше репрезентацијата на последните шест големи натпреварувања и притоа освои три медали, реши да се повлече, иако има активен договор до 2026 година. 
Разделбата е на негово барање. По Олимписките игри во Париз, одлучи дека тоа ќе биде неговото последно натпреварување како селектор на „трите круни“. Време е за нешто друго, објасни Солберг меѓудругото во благодарницата кон федерацијата, играчите и фановите. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk