Трет полн погодок за Алкалоид

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ - РК АЛКАЛОИД 27-34 (13-19)
Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Драган Начевски
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Стојаноски, Блажевски, Субашевски, Тодески 4, Ѓеоргиевски 5, Николов 6, Новаковски, Спасовски, Т. Узунчев, Д. Узунчев 5, Милошески, Киселовски 2, Каевски, Михајловиќ 2, Шопиќ 3, Давитковски
Седмерци: 2/5 Исклучувања: 6 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 3, Маркоски, Костески 6, Младеновиќ 2, Серафимов 6, Карасманакис 1, Стојаковиќ 2, М. Митев, Ѓоргиев, Велковски 2, Симоноски 1, Бинго 7, Силва 3, Петковски
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 4 мин.

Алкалоид е во победнички ритам во новата сезона. По увертирата во Гевгелија, скопскиот тим запиша победи и во првите три кола од Суперлигата. Вечерва, прв пат како гостин сезонава славеше триумф од седум гола разлика над незгодниот противник, Бутел Скопје. 

РК Алкалоид ја контролираше играта во првото полувреме во кое  неколкуте израмнувања премина во покомотно водство (10-8), а потоа од резултат 11-12 следеше серија од 5-1 за водство од пет гола разлика на гостинскиот состав и тоа го одреди текот на натпреварот. На полувреме беше 19-13, а во вториот дел, на почетокот  Алкалоид поведе и со седум гола разлика (20-13, 21-14 и 23-16).
Потоа следеше мало опуштање, а во вториот дел се разигра младиот Димитар Узунчев, ракометар кој е позјамен од Мулти Есенс во Бутел сезонава. Тој постигна вкупно пет гола, а опуштањето на гостите домашните го искористија за да намалат на 21-24. 
Поголема драма немаше, Алкалоид набрзина се врати на плус седум-осум гола разлика и без проблеми стигна до новите два бода. 

Сигурни победи во третото коло остварија и екипите на Е. Пелистер на гостувањето кај Бисинов (41-21), Охрид славеше на гости кај екипата на Прилеп (30-26), а Вардар го совлада тимот на Радовиш (29-16). 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk