Прва радост за Струга

СТРУГА - Т. ПРОЛЕТ 62  34-29 (15-12)
Мијушковиќ 13, Пајкоски 7 Џигероски 5, Костоски 5 - Бакар 6, Палевски 5, Василевски 5, Андоноски 5

Екипата на Струга ја запиша првата суперлигашка победа, во третото коло. Стружани на домашен терен ја пречекаа екипата на Т. Пролет 62, екипа која во првите две кола играше нерешено и важеше за фаворит на денешниот меч. 
Но, во Струга пристигна противник кој одигра под своето ниво, не можеше да фати вистински ритам во играта, а тоа најмогу му одговараше на Богдан Мијушковиќ кој постигна 13 гола за стружани.
Резултатски, пак, израмено и со контрола на Пролет до резултат 10-10, а потоа домашните се прашуваа за сѐ на теренот и на одмор заминаа со водство од 15-12. 
Немаше „пролетен“ бран во вториот дел. Напротив, по десетина минути Струга водеше и со шест гола разлика и потоа успешно го приведе мечот до крај и конечните 34-29.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk