Кавадарци спремно за европски ракомет

Екипата на ГРК Тиквеш одгра многу важна улога во македонското првенство минатата сезона, беше факторот Х во битката за шампионскиот пехар, а конечниот пласман на петтото место го искористи за да аплицира за вајлд карта во ЕХФ Европскиот Куп. 
Виена им го исполни барањето и годинава тие се првата македонска екипа од вкупно три што го почна натпреварувањето во ЕХФ Европскиот Куп. 
За противник добија сериозна екипа за овој ранг на натпреварување, тоа е екипата Драма од Грција која на првата средба успеа да победи (31-27) и да ги загрее дополнително страстите во Кавадарци каде што се очекува европското дерби на ГРК Тиквеш во тековната сезона. 

Дуелот меѓу ГРК Тиквеш и Драма ќе се игра утре, а влезните билети се веќе во продажба. 

Влезниците за натпреварот од Round 1, Match 2, со противникот од Грција, Bianco Monte Drama 1986, во недела од 19:00 часот се продаваат во Caffe to go Infinity по цена од 300 денари.
Со купување на БЛОК ВЛЕЗНИЦА за сите 10 натпревари од групната фаза во СУПЕР МАШКА ЛИГА добивате и гратис влезница за натпреварот од Европскиот Куп против Bianco Monte Drama 1986.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk