Денеска почнува третото коло од првата фаза на машката Суперлига. На програмата се пет натпревари, додека средбата меѓу екипите на ГРК Тиквеш и Куманово ќе се одигра дополнително поради настапот на кавадарчани во ЕХФ Европскиот Куп.
Фокусот на ова коло е во скопски Бутел, каде што домашниот тим ќе го пречека Алкалоид. Струга ќе игра на домашен терен со Охрид, а, Е. Пелистер и Вардар гостуваат кај Бисинов и Радовиш. Охрид ќе ги тестира силите на екипата на Прилеп.
Сите натпревари ќе можете да ги следите на каналот на РФМ со клик на следниов линк:
ВИДЕО ПРЕНОСИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ОД ТРЕТОТО КОЛО