Хрватска сака да организира и ЕП

Извршната комисија на Европската ракометна федерација ги одобри кандидатурите за Европските првенства во сениорска конкуренција што ќе треба да се органзираат во 2030 и 2032 година. 

За машкото ЕП 2030 одобрени се кандидатурите на Хрватска како и заедничката кандидатура на Чешка/Полска и Данска. 
За машкото ЕП 2030 одобрени се кандидатурите на Хрватска, како и заедничката кандидатура на Германија и Франција. 
За женското ЕП 2032 одобрена е заедничката кандидатура на Германија, Данска и Полска.
За женското ЕП 2030 кандидати што ги исполнуваат условите на ЕХФ нема, па затоа според стаутот ИК ќе преговара и ќе одбере домаќин. 
Организацијата на Европските првенства во 2030 и 2032 ќе биде доделена на 14 декември на Вонредниот Конгрес на ЕХФ што ќе се одржи во Виена, на финалниот викенд на женското ЕП 2024. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk