ЕХФ нема да бара замена за Начевски

Состаноците на Ивршната комисија на ЕХФ секогаш се интересни за следење затоа што таму се носат одлуки што подоцна се имплементираат и играат битна улога во европскиот ракомет. 
На вчерашниот состанок на ИК на ЕХФ, на пример беше утврден финалниот ранкинг на сениорските и младинските категории. Тој ранкинг понатму ќе служи како база за квалификациите што ќе органиираат за ЕХФ Еуро и ЕХФ Шампионатите. Како точно изгледа ранкингот ќе биде наскоро објавено, но следејќи го системот на рангирање и постигнатите резултати на македонските репрезентации, не очекуваме големи промени. 

На состнокот на ИК беше „чепнат“ и случатој Драган Начевски и констатирано дека нема нова жалба, па така суспензијата останува како што беше изречена до 2026 година. 
Неговата позиција нема да биде заменета со друг, ќе се чека регуларниот изборен процес. 

ЕХФ побара од ИК да го избрише од меѓународната листа српскиот судиски пар Мошорински и Панџиќ кои според ЕХФ демонстрирале некооперативност и не сакале да соработуваа затоа што одбиле да се појават на сослушување. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk