Кој ќе биде МВП на сезоната? Мем, Нилсен или Саугструп?

photo: HBC Nantes

Европската ракометна федерација откако во јуни 2023 промотивно селектираше најдобри играчи, сега прв пат по комплетен систем што сама го дизајнираше ќе избира МВП на сезоната. Првиот избор ќе биде за сезоната 2023/2024, а на состанокот одржан во четвртокот во Австрија изборот е сведен на три играчи во машка и три во женска конкуренција. 

Тројцата кандидати за МВП на сезоната 2023/2024 во машка конкуренција се Дика Мем од Барса, Емил Нилсен исто така од Барса и пикерот на Магдебург, Магнус Саугструп. 

Во женска конкуренција, кандидати за оваа престижна титула се норвешката репрезентативка Стигне Офтедал, инаку досегашен играч на Ѓер, потоа Французинката Валентини Клое од Мец и данската ракометарка Лине Хаугстед која до јуни играше за Ѓер, а сега е играч на Есбјерг. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk