photo: Telekom Veszprem
ВЕСПРЕМ - ПСЖ 41-28 (18-15)
Вајлупов 8, Ремили 7 - Шипжак 5, Соле 5
ФРЕДЕРИЦИЈА - СПОРТИНГ 19-37 (8-17)
Балстад 4, Видарсон 3 - Ф. Кошта 6, Бранкињо 5
Пасквал против Раул Гонзалес, Јахија против поранешниот клуб Веспрем, Ремили против своите Французи... Немаше милост унгарскиот клуб против најскапиот клуб на светот. Дебакл, фијаско итн. се изрази се изрази што се и премноги благи кога се работи за колектив што годинава ќе потроши 17.5 милиони евра.
Првото полувреме, Веспрем имаше максимални плус шест, а по 30 минути резултатот беше 18-15.
Во вториот дел се тргна израмнето, а потоа почна фештата на Веспрем. ПСЖ одеше од грешка во грешка, а тоа му се погоди на Микита Вајлупов кој мечот го заврши со 8/8. Ваков ПСЖ му се погоди и на Ремили кој демонстрираше моќ над своите сонародници. На десетина минути до крајот стана и десет разлика, а Веспрем имаше и максимални и неверојантни плус 16.
Пасквал беше решен да го посрамоти својот сонародник Раул Гонзалез максимално. Веспрем „газеше“ сѐ до последните 5 минути кога ПСЖ и успеа да симне под 15 гола разлика.
Резултатско „реметење“ имаше и на другиот денешен меч од групата „А“. Спортинг со 37-19 ја совлада Фредериција како гостин.
Дека португалскиот тим не е само Мартим Кошта - Франциско Кошта е потврда денешната средна на која 14 играч на португалскиот состав се запишаа на листата на стрелците.
Поврзани вести