Е. Пелистер немоќен против Берлин

Е. ПЕЛИСТЕР - ФУКСЕ БЕРЛИН  22-30 (9-15)
- Радивојевиќ 5 (3), Кузмановски 5, ристевки 3, Хосни 3, Манасков 2, Ѓорговски 2...
- Андерсон 7, Гидсел 6, 

Maкедонскиот првак Еурофарм Пелистер го запиша вториот овосезонски пораз во Лигата на шампионите или вкупно 20 пораз по ред во Лигата на шампионите сметајќи ги и претходните сезони. 
Вечерва во Битола гостуваше моќен состав, бундеслигашкиот вицешампион Фуксе Берлин кој прв пат игра во Лигата на шампионите и токму Битола ќе ја памети како град каде што ја запишал првата победа во ЛШ. 

Полни трибини, препознатлива атмосфера и мотивиран домашен тим беа одликите на натпреварот во првите 10 минути. Е. Пелистер беше рамноправен, ги пронаоѓаше слабите страни во одбраната на Германците и резултатски беше рамноправен, иако Берлин водеше со гол-два разлика. 
По 10 минута почна да се насетува дека мечот нема да оди во добра насока за македонскиот тим. Нападот на битолчани почна да се гуши и се потешко да наоѓа простор за шут. На спротивната страна и Берлин не се прослави, па и Зигерт побара тајм аут. 
По ова гермнската одбрана стана се поцврста, Милосављев влезе во серија, а нивниот напад изгледаше како има 100 решенија. 
Митревски на двапати спречи Германците се отидат на плус четири, но тоа не траеше долго. Долго траеше постот на Е. Пелистер, од 17 минута до поледните секунди од првиот дел. На одмор се замина со резултат 9-15. 
Во вториот дел, за одбележување од македонскиот тим се одбраните на Никола Митревски и дебито со три погодоци на Самоил Ристевски. 
Берлин на теренот контролираше сѐ и можеше и многу поубедливо оваа средба да отиде во нивна корист, но не се форсираа со максиум, а во финишот и Ангеловски даде шанса на и на Ѓорговски меѓудругото, додека средбата одамна беше решена. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk